СДСМ до пазарџиите: Бидете спокојни ќе најдеме решение за чесно да заработите денар повеќе
Пратениците на вчерашната собраниска седница го одложија Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение а владеачката партија ги смирува пазарџиите и им порачува да бидат спокојни бидејќи ќе се најде решение.
„Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, се работи за решение со кое секој ќе може достоинствено и чесно да заработи денар повеќе, но и решение кое истовремено ќе обезбеди начин за сузбивање на сивата економија“, велат од СДСМ.
Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засеганти страни и без кој било да биде оштетен.
„Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на пазарите на заедничка маса да дискутираат со цел да се подобри организацијата на работата на пазарите и да се дојде до решение со кое ќе бидат заштитени сите засегнати страни“, велат од партијата на власт.
Законот со кој пазарџиите се предвидуваше да плаќаат по 60 евра за тезга и плус 40 за секоја наредна се одложи за една година, но и ја збесна оваа категорија граѓани која во неколку наврати излегуваше на протест.
Меѓудругото , законот предлагаше хонорарци и пензионери да не смеат да продваат на зелените пазари воопшто.
