СДСМ до Мицкоски: Што бара Иван Стоилковиќ во Москва?
СДСМ до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати прашања до него зошто дозволува негов коалиционен партнер - претседателот на Демолкратската партија на Србите од Македонија, Иван Стоилковиќ, да оди во Москва како, што велат од владеачката партија, единствен претставник од Македонија.
„Друг коалициски партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Иван Стоиљковиќ вчера присуствуваше на Меѓународна безбедносна конференција во Москва, како единствен претставник од Македонија.
Присуството на Стоиљковиќ на конференцијата се случува во време кога целиот свет ја осудува и се бори против руската агресија врз Украина. Дали Мицкоски се согласува со неговиот партнер Стоиљковиќ и неговите отворени анти НАТО ставови? Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поддржуваат санкциите против Русија или ја поддржуваат руската агресија?“, реагира СДСМ.
Според СДСМ, Мицкоски коалицира од политичари кои се анти-НАТО настроени.
Слично
