Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ до Мицкоски откако објави дека нема да дојде на прославата: Безидеен политичар кој сее поделби

СДСМ до Мицкоски откако објави дека нема да дојде на прославата: Безидеен политичар кој сее поделби

СДСМ го прозва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако тој одлучи да не присуствува на централаната прослава на 20-годишниот јувилеј од потпишувањето на  Охридскиот рамковен договор, како безидеен политичар кој политичката егзистенција ја остварува преку сеење поделби.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ниту претставници од неговата партија нема да присуствуваат на централната прослава на Рамковниот догов на 13 авгиуст во хотелот Александар Палас. Ова пак може да се заклучи од соопштението кое го лиферуваше опозициската партија во јавноста.
„Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност - дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.

Жалиме што и после 20 години, безидејните политичари како Христијан Мицкоски се уште обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруват преку сеење поделба меѓу граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од сопствениот учинок во црните страни на нашата понова историја. Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии. Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште е заглавена во поделбите по етнички линии“, се вели во реакцијата на Социјалдемократскиот сојуз.

Вчера беше одлучено да биде откажан големиот концерт кој требаше да се одржи по повод прославата на 20 години од Охридскиот рамковен договор. Сепак останува да се одржи прослава во хотел каде се предвидени да присуствуваат околу 200 луѓе. Откажувањето следува по бурните реакции за одржувањето на прославите поради зголемувањето на бројот на заболени, а во време кога се носат мерки за заштита и нови ограничувања.

Слично

Поврзани вести