Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ до Мицкоски: Нема никаква асимилација и бугаризација на Македонците

СДСМ до Мицкоски: Нема никаква асимилација и бугаризација на Македонците

Се потврди дека нема никаква асимилација и бугаризација на Македонците, велат од СДСМ. 

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ користи опасни манипулации и тези со кои ги поткопува нашите „загарантирани позиции за зачувување на јазикот и индентитетот во преговорите со Бугарија“.

„Нивната желба е по секоја цена да ги деградираат граѓаните со цел политички да профитираат. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ директно ја поддржаа резолуцијата на ЕПП со која се бранат позициите на Бугарија и се директно на штета на нашите граѓани, додека дома глумат патриоти. Лагите и лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат крај“, велат од СДСМ преку соопштение.

Велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски само сака да ги заплаши граѓаните. 

Францускиот предлог значи или бугаризација или нема ЕУ, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Само интервју на Канал 5. 

Го оцени предлогот како лош и негативен. Мицкоски побара итна средба со целиот државен врв за заедно да постават траекторија по која Македонија треба да се движи. 

Слично

Поврзани вести