СДСМ денеска одбележа завршување на пат започнат во нивно време, затоа што утре ќе го пушта Мицкоски
Пратеникот Миле Талески денеска во име на СДСМ го одбележа завршувањето на втората фаза од автопатската делмница Градско - Прилеп, а во меѓувреме пристигна официјална информација дека утре свечено ќе го пушти во употреба премиерот Христијан Мицкоски.
„СДСМ заврши над 90 проценти од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе се кити со туѓи перја. Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.
Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион.
Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90 отсто од работите овој проект, рече пратеникот од Прилеп и додаде дека актуелната власт за цела една година завршила само мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите.
Во меѓувреме пристигна известување од Владата дека утре свое обраќање на свечениот настан ќе има премиерот Мицкоски.
„Ве известуваме дека утре 30.06.2025 година (понеделник) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на делницата Дреново- Фариш до Прилеп“, соопштија од владиниот кабинет.
СДСМ и претходно реагираше дека автопатот Градско - Дреново, експресниот пат Ранковце - Крива Паланка, рехабилитираниот регионален пат Охрид - Свети Наум и пругата до Куманово се проекти кои речиси целосно биле изградени во нивно време, но пуштени во употреба од актуелната власт, која како што рекоа од таму, нема свои идеи.
Слично
