СДСМ денеска ќе ги објави првите 20 кандидати за градоначалници
Првите имиња на кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ ќе бидат познати денеска, според претходните најави на раководството на владејачката партија.
Партијата претходно вршеше истражувања, анкети и анализи за 20-тина општини, а потоа следуваа постапките во самите општински органзиации.
Објавата на првите 20-ина кандидати се очекува да следува по одржување на седница на партиското раководство.
Според СДСМ, партијата води со 21,7 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ со 19 отсто, според анкета нарачана од партијата.
Партијата има 562 кандидата за градоначалници и 4.530 кандидати за советници, според она што претходно го кажа генералниот секретар Љупчо Николовски.
Слично
