СДСМ демантира: Премиерот Ковачевски повеќе не е сопственик на Пиксел груп
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше на аферата „Броило“ која денеска ја објави ВМРО-ДПМНЕсо заклучок дека премиерот Димитар Ковачевски не е сопственик на компанијата за производство на фотоволтаици Пиксел груп уште откако е член на Владата.
„Докажаниот криминалец Христијан Мицкоски е фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, додека Димитар Ковачевски чесно работи за граѓаните.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
Ниту една фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие фактот дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.
Сите податоци за повлекувањето на Ковачевски уште на 28.09.2020 година се јавно објавени и достапни“, реагира СДСМ.
Од владеачката партија за компаниите кои се споменуваат во аферата „Броило“ велат дека сите фирми кои ги исполнуваат законските услови, можат да добијат државна помош.
„Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови.
Наместо афера ДПМНЕ денеска пласираше издишан балон.
На многу наивен и лош начин Мицкоски покажува колку се плаши од чесниот Ковачевски кој вредно работи за граѓаните.
Особено откако Ковачевски го порази Мицкоски на првото изборно соочување, на предвремените локални избори“, додавата од таму.
Слично
