Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Да се прогласи епидемија на гастроентеритис во Гостивар

СДСМ: Да се прогласи епидемија на гастроентеритис во Гостивар

СДСМ смета дека епидемијата во Гостивар постои и дека е потребно надлежните да ја прогласат, по пиењето загадена вода и околу 1.500 случаи кои се пријавија во градската болница.

„Пораките од експертите се јасни - епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не.

Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата.

Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции“, побара СДСМ.

Од опозициската партија сметаат дека прогласувањето на епидемија не е политичко прашање, туку прашање на јавно здравје и заштита на граѓаните.

„Институциите имаат должност да реагираат соодветно и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на населението.

Граѓаните на Гостивар во моментов се соочуваат со сериозен здравствен проблем. Од надлежните институции се очекува да постапат професионално и одговорно, врз основа на експертските оценки“, додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести