СДСМ: Да имаше нова Влада овој 1 мај работниците ќе имаа 12.000. денари минимална плата
„Тоа што петти месец поради блокадите од ВМРО-ДПМНЕ не може да се формира новата Влада, се одразува штетно врз стабилноста на државара но и на интересите на граѓаните. Да имаше денес нова Влада, овој 1 мај сите работнци веќе ќе имаа 12.000. денари минимална плата. И тоа е само еден пример што губат граѓаните поради интересите на една мала група на чело со Никола Груевски, којашто се обидува насилно да го спречи трансферот на власта“, соопштуваат од СДСМ во утринското соопштение.
Од СДСМ порачуваат дека никој не смее да помисли да ја блокира работата на новоизбраниот претседател на Собранието и формирањето нова Влада, што е тешко противуставно кривично дело, казниво по закон.
„Укажуваме дека институциите ,вработените во нив, сите граѓани сме дожни да овозможиме да се реализира мнозинска волја. Токму
поради тоа што немаше институционална заштита, пратени убијци и тешки
криминалци, за малку ќе линчуваа претставници избрани од граѓаните, новинари, вработени
во Собранието. Со тоа е направено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, по член 313 од Кривичниoт законик и ЈО
и МВР мора да ја обезбедат правдата, а нарачателите и извршителите да понесат
одговорност“, велат од партијата на Заев.
Оттаму посочија дека ќе продолжат да ги водат процесите, смирено и мудро, а истовремено на смиреност ги повикаа и сите граѓани.
