Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Чавков е меѓу нарачателите на обидот за убиство на пратеници и ќе одговара

СДСМ: Чавков е меѓу нарачателите на обидот за убиство на пратеници и ќе одговара

СДСМ не се задоволни од објаснувањата кои првиот човек на Бирото за јавна безбедност ги даде во интервју за ТВ Сител за неговата команда за време на кобниот четврток. Тој дури и откри дека навистина во оперативниот штаб пристигнал по 20 часот, но наводно ги организирал безбедносните структури да интервенираат во Спбранието.

- Митко Чавков како раководител на оперативен штаб во МВР бил достапен за Никола Груевски во моментите на насилното крваво сценарио во Собранието, а не бил достапен за никој друг во државата!

Тоа го призна лично Груевски. Тоа е уште една потврда дека Чавков, заедно со Груевски, Иванов, Велјаноски е меѓу нарачателите на организираниот обид за убиство на пратеници од страна на внесени криминалци и убијци во зградата на Собранието, како и насилството врз новинари и вработени во него.

Тоа е тешко кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Чавков како и сите инволвирани во насилството во Парламентот, ќе одговара, стои во реакцијата на СДСМ.


Слично

Поврзани вести