Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Цела Македонија и Струмица кажаа „НЕ“ на политичките уцени, рекетот и малтретирањето

СДСМ: Цела Македонија и Струмица кажаа „НЕ“ на политичките уцени, рекетот и малтретирањето

СДСМ реагира по губењето на мнозинството во Советот на општина Струмица откако советник од Народна партија на Георгиевски премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

- Никола Груевски не може да ја смени волјата на над 612.000 граѓани кои избраа живот наспроти режим.

Меѓу нив се и граѓаните на Струмица кои на предвремените парламентарни избори јасно рекоа НЕ за притисоците, уцените, рекетот, малтретирањата, за што слушна цела јавност преку проектот Вистината за Македонија.

Оттука единствениот поразен е Никола Груевски, кој заминува во политичката историја. Калкулациите за кои не избира ни начин и ни средства не можат да го спасат и тоа го знае и членството на ВМРО-ДПМНЕ што се обидува да го залажува

Демократските промени во Македонија се незапирливи, тоа го покажаа парламентарните избори и тоа ќе го потврдат престојните локални избори во Македонија, велат од СДСМ.


Слично

Поврзани вести