Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Бесплатната замена за поскапениот „Фостер“ ја нема во аптеките

СДСМ: Бесплатната замена за поскапениот „Фостер“ ја нема во аптеките

СДСм денес реагира дека лекот за астма кој требаше да биде бесплатна замена за „Фостер“, лекот кој Фондот за здравство го поскапе од 300 на 1.080 денари, го нема во аптеките.
„Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки.

Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест.

Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари.

Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат.

Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „Фостер“. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките.

Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болни пацинети чие здравје зависи од овој лек.

Тотален хаос, негрижа и неодговорност!

Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши.

Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје.

Кој ќе понесе одговорност тогаш?“, реагира СДСМ.


Слично

Поврзани вести