СДСМ бара вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици
СДСМ бара вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска побара итно да се спроведе вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата и јавно да се објават резултатите од физичките анализи, матност, мирис, како и хемиски анализи за нитрати, нитрити, амонијак, микробиолошки анализи и анализи за хлорирањето. Тој побара и политичка и кривична одговорност за сите коишто учествувале во, како што кажа, прикривање на информациите за труењето во Гостивар.
„Ова што се случи во Гостивар не е само еден изолиран случај. Станува збор за системски знаци би рекол на неефикасност, нефункционирање“, рече Филипче.
Во Гостивар повеќе од 3.000 луѓе има стомачни тегоби.
