СДСМ бара власта да се откаже од коруптивниот тендер за гас
Опозицијата преку својот претседателот на Комисијата за енергетика денеска од власта побара да се откаже од како што тврдат коруптивниот тендер за гас.
Од СДСМ обвинуваат дека на само 70 дена пред изборите власта на Никола Груевски, се обидува да спроведе еден од најкоруптивните тендери за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас.
„Прво, во Македонија во моментов има техничка влада којашто не може да носи вака стратешка одлука, како што е проектот за гасификација на земјата.
Второ, недозволиво е и која било влада, предизборно да распишува тендер за изградба на дистрибутивна мрежа и тоа со услови тоа да го добие една компанија, во време траење од 30 години!
Трето, ова упатува на сериозни индиции за можна корупција при спроведување на тендерот и криминални последици на штета на граѓаните“, изјави Митко Андреевски.
Од партијата на Заев порачаа дека нема да дозволат проект со сериозни индиции за криминал а сите кои ќе бидат вклучени во една ваква криминогена активност, ќе одговараат, дополнувајќи го спроведувањето на успешна гасификација во Струмица и Куманово.
