Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара Вељаноски да го ослободи собранискиот кабинет

СДСМ бара Вељаноски да го ослободи собранискиот кабинет

СДСМ бара од Трајко Вељаноски да го ослободи кабинетот за да може новоизбраниот собраниски спикер да влезе во него.

Од партијата на Заев соопштуваат дека новиот спикер ќе  испрати известување до Ѓорге Иванов дека е формирано демократско легитимино мнозинство и дека Иванов е должен да го додели мандатот на лидерот на СДСМ за формирање Влада.

Дополнуваат дека „програмата на новата реформска Влада што во целост ја гарантира унитарноста на Македонија, работа според Уставот и евро-атланстските перспективи на државата со што ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со кои што Ѓорге Иванов ги брани всушност криминалните интереси на Никола Груевски“.

Од СДСМ велат дека насилството што се случи во  Парламентот, кога беше направен кукавички обид за убиство на пратеници и насилство врз новинари и вработени во Собранието мора да се истражи до крај и нарачателите и извршителите да понесат одговорност.

Слично

Поврзани вести