Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара трансфер на власта, а ВМРО-ДПМНЕ е за нови избори

СДСМ бара трансфер на власта, а ВМРО-ДПМНЕ е за нови избори

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и денеска преку соопштенија се обвинуваат меѓусебно за состојбата во која се наоѓа државава. 

Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ требала да најде здрав разум и да прифати дека е опозиција. Тие велат мора да има смена на власта. 

„Мора да има трансфер на власта, тоа е мнозинската волја и ВМРО-ДПМНЕ И Горѓе Иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта! Волјата на мнозинството граѓани е јасна и исто така 700.000 граѓани, преку 67 пратенички мандати имаат право и обврска да го изберат новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. И тоа ќе се случи согласно Уставот, Деловникот и законите”- стои во соопштението од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, велат дека народот му застана на пат на Зоран Заев и мафијата од СДСМ. Тие сметаат дека народот ги прочита лагите и не им дозволи да ги ракрчмуваат највисоките државни и национални интереси. 

„Народот го гледа сето ова и храбро одлучи да му се спротивстави на злосторничкото здружение во раководството на СДСМ.Затоа тие со секој изминат ден стануваат се понервозни. Затоа бандитите и насилниците од СДСМ почнаа да напаѓаат обични граѓани”- наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат нови избори на кои сметаат дека народот ќе си го каже своето за платформата од Тирана. 

Слично

Поврзани вести