ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо

СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ: Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа мерит систем а донесоа бруталната и скандалозна партизација на институциите. Последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта, реагираа утрово од СДСМ.

„Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — осуден за нападот на Собранието на 27 април и потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ се вдомени во М-НАВ наместо стручни, едуцирани и лиценцирани кадри. Додека млади луѓе со образование, знаење и стручност се одбиваат, партиската книшка на ВМРО-ДПМНЕ станува единствен критериум. ВМРО-ДПМНЕ не само што ја загрозува безбедноста, туку испраќа силна порака до младите дека со оваа власт немаат иднина. Ова не е само скандал за партизација – ова е закана по безбедноста на патниците и воздушниот сообраќај“, велат од партијата. 

Опозицијата обвини дека власта си игра со безбедноста на македонското небо.

„Власта да не си игра со безбедноста на македонското небо. М-НАВ не е играчка во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, туку сервис што мора да функционира строго професионално и во служба на граѓаните. СДСМ бара итно поништување на овој срамен оглас, повлекување на сите спорни решенија и оставки од сите инволвирани. Македонија мора да биде држава на знаење а не на партизацијата и непотизмот на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.


ad
Слично

Поврзани вести