Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара оставка од Милошоски доколку се потврди дека бил осуден во Германија

СДСМ бара оставка од Милошоски доколку се потврди дека бил осуден во Германија

Oд СДСМ бараат одговорност и оставка од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски доколку се потврди дека бил осуден во Германија за фалсификување документи. 

,,Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија? Зошто ги криел податоците од граѓаните? Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикрие сопствените криминали? Ако се потврдат овие информации, Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка“, велат од партијата. 

Од владејачката партија го повикаа пратеникот да објасни за какви кривични дела станува збор и доколку се вистинити да даде отчет пред граѓаните и институциите.

Слично

Поврзани вести