Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара одговори дали депонијата Дрисла е опасна по здравјето на граѓаните

СДСМ бара одговори дали депонијата Дрисла е опасна по здравјето на граѓаните

Како функционира депонијата во Дрисла ? На ова прашање претставниците од СДСМ во  Советот на Град Скопје побараа одговор.

Го прозваа таткото на градот Коце Трајановски да каже дали на депонијата Дрисла се складира и третира увозен отпад кој е штетен по здравјето на граѓаните и животната средина.

Настапија и со повик до Јавното обвинителство да  преземе чекори и отвори истрага  за да може да провери и утврди дали на депонијата се третира отпад кој е опасен по здравјето на граѓаните

Со оглед на сериозноста на темата,СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје ќе побараат закажување на вонредна седница на Советот накоја ќе се расправа исклучиво за ова прашање.

Слично

Поврзани вести