Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ бара итна седница за измена на законите кои ги побара Јанева

СДСМ бара итна седница за измена на законите кои ги побара Јанева

Пратеничката група на СДСМ и здружената опозиција, до Собранието на Република Македонија достави барање за свикување итна седница со две точки на дневен ред: 1. Предлог закон за измена и дополнување на Законот за заштита на сведоци и 2. Предлог закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите или Специјалното Јавно Обвинителство.

- Со донесување на овие закони, ќе се поддржат барањата на независната институција Специјално јавно обивнителство со единствена цел: да се овозможи непречена работа и остварување на целта за неговото формирање, изјави денеска Петре Шилегов, пратеник и портпарол на СДСМ.

- Граѓаните имаат огромна доверба во Специјалното јавно обвинителство и оттаму наша обврска е да направиме се што е потребно оваа институција да го расчисти скандалот со прислушувањето и да го отвори патот за правната држава, додава Шилегов.


Слично

Поврзани вести