Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Баџанакот и братучедот на Мицкоски со фирми во Бугарија

СДСМ: Баџанакот и братучедот на Мицкоски со фирми во Бугарија

СДСМ објави дека од денеска ќе започне со објавување на, како што соопштија, шемите на фирмите на најблиското семејство на премиерот Христијан Мицкоски во Бугарија. Од опозициската партија тврдат дека баџанак и прв братучед на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вртеле милиони со регистрирани фирми на иста адреса во Петрич.

„Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски - Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра.

Одиме понатаму. Во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски. На оваа иста адреса, на улица Антон Попов брј 57 во Петрич Бугарија, има уште една фирма, Инфинити транспорт група. Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. 

Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?

Колку милиони евра свретеле и каде завршиле дел од тие пари? Дали кај членови на семејството на Мицкоски или и во ВМРО-ДПМНЕ?

Доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони“, гласи соопштението на СДСМ.


Слично

Поврзани вести