СДСМ: Асмир Јахоски од Пуцко Петрол поканет во Влада
СДСМ денес реагира на присуството на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол, на средба со премиерот Христијан Мицкоски во Владата.
Јахоски присуствувал на средба со претставници на нафтената индустрија во државата.за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.
Од СДСМ реагираат на присуството на сопственикот на Пуцко Петрол во Владата во ситуација кога тој е обвинет за даночно затајување при набавката на мазут за ТЕЦ Неготино.
„Асмир Јахоски, сопственик на познатата компанија Пуцко Петрол на состанок во Мицкоски во Владата. Колку само прес конференции ВМРО-ОКГ одржа против Јахоски и Пуцко Петрол, дека бил криминалец, дека го труел народот, што ли уште не. Колку само изјави лично од Мицкоски?
Во март, минатата година, Јахоски беше приведен, беше спроведен во притвор како осмничен во врска со сучај за мазут за ТЕ Неготино. Прашањето е дали во рамки на дилот за враќање на Груби има договорени и бизни интерес на Мицкоски?“, гласи соопштението на опозициската партија.
Слично
