Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Арсовска да не лаже, проектот за Универзална сала е безбеден

СДСМ: Арсовска да не лаже, проектот за Универзална сала е безбеден

СДСМ смета дека проектот за реконструкција на Универзална Сала е целосно безбеден, откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, го стопираше и два месеци нема градежни активности на овој објект.

„Данела Арсовска мисли дека со лаги може да се покрие нејзината неспособност и неработење. Откако го стопираше проектот за изградба на Универзална сала, по двомесечен молк за причините поради кои го стопирала проектот, Арсовска вчера ги излажа граѓаните. Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен од стручни лица и целосно е безбеден.

Овој проект е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен. Одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба. Надзорот за изградба ги има одобрено сите градежни зафати. Сите постапки и процедури за изградба на Универзална сала се запазени во целост“, се вели во реакцијата на владеачката партија.

Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните, изјави вчера градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Таа вели дека имало грешки во проектот и поради тие грешки наместо планираните столбови, постојното решение потребно било да се зајакне со дополнителни 2 носечки столба. Тврди дека биле детектирани и бројни други недостатоци.

Слично

Поврзани вести