Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Милошоски за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието

СДСМ:  Милошоски за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ создава тензии во Собранието, во надеж дека ќе се спасат од одговорност за криминалот, но наведуваат дека тоа нема да се случи, и сите ќе одговараат. 

Според нив, секогаш кога темата правда е на дневен ред во Собранието ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, деструктивна, прави тензии, а денеска дури се обиде да испровоцира и физичка пресметка.

„Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш ама секогаш е против функционален судски систем. Проблемот со недостаток на судии ВМРО-ДПМНЕ не сака да се реши само за да се намали ефикасноста на судскиот систем и во надеж дека тоа ќе значи забавување на предметите кои директно водат до Белиот дворец. Затоа ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се труди да ја блокира Собраниската комисија, да не се продолжи мандатот на судиите и така да се забават судските предмети. Антонио Милошоски, за кого има веќе неколку предмети, е главен иницијатор на тензиите во Собранието, можеби затоа што лично е засегнат. Ако досега не му беше јасно на ВМРО-ДПМНЕ треба да му стане јасно, никој нема да побегне од правдата. Бадијала се прават тензии, секој што се огрешил од законот ќе одговара!“, додаваат од партијата. 

Арбр Адеми од ДУИ навредуваше, пцуеше пратеници, а воедно и маваше со предмети. Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ објави видео од скандалот. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести