Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Jавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале лажни анкети

СДСМ:  Jавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале лажни анкети

Од СДСМ велат дека разговорите коишто се слушнаа денеска во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се една потврда за злоупотребите што 11 години ги правеше режимот.

„Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните. Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот ‘ало Миле’, што е уште потврда дека анкетите на Институтот за демократија се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ. Tие не можат да функционираат во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбраната на криминалот“- се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија додава дека граѓаните го поразиле режимот, а ВМРО ДПМНЕ и ваквото однесување се минато.

Слично

Поврзани вести