Економија, финансии, бизнис

Контакт

СДСМ: Голема е маката на Мицкоски, ДПМНЕ останува осамено на проруската агенда

СДСМ:  Голема е маката на Мицкоски, ДПМНЕ останува осамено на проруската агенда

Oд СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери. 

Додаваат дека што се разговарало на состанокот меѓу премиерот Димитар Ковачевски, екс премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети е јавно соопштено. 

„Очигледно голема е нервозата кај ДПМНЕ, штом толку агресивно ја манифестираат.  ДПМНЕ останува осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери.  Голема е маката на Мицкоски кого го чека пораз на изборите“, додаваат од партијата. 

Екс премиерот Зоран Заев, актуелниот премиер Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ – Али Ахмети вчера се сретнале во Скопје, пренесува „Клан Македонија“.

Според информациите, тие имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори кои ќе се одржат годинава.

Слично

Поврзани вести