СДСМ ги објавува преостанатите кандидати за градоначалници
Според најавите, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска треба да ги објави преостанатите кандидати за градоначалници во пресрет на локалните избори на 17 октомври. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера немаше одговор дали на локалните избори за Кичево ќе излезе со свој кандидат или ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари. Заев рече дека на ова прашање ќе одговори денеска, а се очекува јавноста да ги слушне евентуално и преостанатите имиња на заеднички кандидати на двете владеачки коалициони партии.
Пред неколку месеци, Ахмети и Заев ја објавија нивната соработка за локалните избори но без да прецизираат за кои општини. Денеска треба да бидат објавени комплетно сите кандидати.
Од средината на јули е познато дека во трката за Град Скопје повторно ќе биде актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Меѓу другите градоначалници кои ќе се обидат да осовојат уште еден мандат се и Костадин Ѓорѓиевски – Охрид, Перо Костадинов- Валандово, Велимир Смилевски – Бутел, Филип Темелковски – Кисела Вода, Петре Шилегов – Град Скопје.
Потоа Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Маријан Јанев за Василево, Сашо Јанквоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка и Сашко Николов за Штип.
Втората фаза беше објавена на крајот од јули. Последните пет имиња беа за Неготино – Тони Делков, Гази Баба – Борче Георгиевски, Могила – Јасмина Гулевска, Берово – Звонко Пекевски, Ранковце – Даниел Крстевски.
