Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саздовски задоволни од пресудата, бараат родителите да кажат каде се крие третиот осомничен во бегство

Саздовски задоволни од пресудата, бараат родителите да кажат каде се крие третиот осомничен во бегство

Родителите на починатиот Никола Саздовски се задоволни од пресудата која денеска ја изрече судот а согласно која убијците на нивниот син се осудени на вкупно 38 години затвор.

Како што пренесува А1он, таткото на Никола бара од родителите на третиот осомничен да кажат каде се крие бидејќи е во бегство уште од истиот ден кога Саздовски е претепан.

-За Никола повеќе нема враќање назад, но јас им порачувам на родителите да го кажат и третиот осомничен кој е во бегство а сум сигурен дека тие знаат каде е а нивните деца да не останат сами во затвор - порачал Тони Саздовски.

Таткото на Никола посочи и дека ако биде исплатена материјална штета истата ќе ја донираа во хуманитарни цели.

Слично

Поврзани вести