Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саздовски: За се што е во интерес на граѓаните Заев ќе ја има мојата поддршка

Саздовски: За се што е во интерес на граѓаните Заев ќе ја има мојата поддршка

Пратеникот Чедомир Саздовски кој ја напушти Граѓанска опција за Македонија и најави дека ќе делува како независен пратеник вечерва во Анализа на 24 Телевизија изјави дека за сите проекти во интерес на граѓаните премиерот Зоран Заев ќе ја има неговата поддршка. 

„Мислам дека е крајно време Македонија да тргне на вистински пат. Сѐ нешто чекаме да се прави, да тргне работата. Чинам дека е крајно време ова граѓанско општество на сите граѓани на Македонија да тргне напред. Мислам дека исправни се политиките“ - рече Саздовски. 

Дали и други пратеници ќе дадат поддршка на Заев вели дека има такви најави. 

Саздовски рече дека ќе даде свој придонес за разумни решенија. 

Слично

Поврзани вести