Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саздовски неколку минути трпел интензивна болка

Саздовски неколку минути трпел интензивна болка

Тепањето на навивачот Александар Саздовски траело кратко но со голема нанесена физичка болка, тврдеше денеска вештакот на судското рочиште за убиството на 20-годишното момче кое беше претепано до смрт на автобуската станица кај „Алкалоид“ во скопската населба Авто команда од Бесир Беља, Скендер Демири и од уште едно лице кое е во бегство.

Ова го потврди доктор специјалист повикувајќи се на мислењето извршено врз основа на вештиот наод и од уште едно мислење од судска медицина.

„Иако се траело кратко, интензитетот бил силен во трпењето на физичка болка, бидејќи сите наведени повреди се извор на физичка болка која е непријатна телесна и душевна сензација, која во случајот настанала поради директна трауматизација на меки ткивни тела. Како што е наведено, болки кај повредениот имало во пределот на лицето, градниот кош и интензивни главоболки", изјави медицинското лице.

Тој потврди дека по губитокот на свеста, Саздовски чувствувал интензивен страв во времетраење од една до три минути.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза".


Слично

Поврзани вести