Економија, финансии, бизнис

Контакт

Саздовски: Кај мене на 27 април се прелеа чашата

Саздовски: Кај мене на 27 април се прелеа чашата

Пратеникот Чедомир Саздовски од Граѓанска опција за Македонија кој од скоро најави дека ќе делува како независен пратеник вечерва во Анализа на 24 Телевизија изјави дека на 27 април кај него се прелеала чашата. 

Тој вели дека бил измамен на 27 април, и дека не е дозволиво пратеници да отвораат врати за да други бидат тепани. 

„Не има 120 пратеници, Македонци, Албанци, Турци, Срби, нас не гласале. Како сега јас да отворам врата за да влезат и некого да тепаат. Тоа се коси со моите принципи“ - вели Саздовски. 

Рече дека со пеењето на двете химни во Собранието, македонска и албанска е предизвикан револт и ескалација во Собранието. 

„Не гледам некој на тој начин да се прогласува за голем патриот. Не прифаќам некој да ме нарекува предавник. Во оваа држава мора да престанат поделбите. Виден е овој филм, во Македонија 200 години траел“ - рече тој. 

Смета дека тие не можеле да бидат поголеми вмровци од самите вмровци. 

Саздовски вели дека немало потпишување на меници како што имаше гласини, ниту  морал да обезбеди гласови. Изјави дека ако се барало такво нешто, тој не би прифатил да биде пратеник. 

Слично

Поврзани вести