Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савески: Павле требаше да знае дека кој со ѓаволот тикви сади...

Савески: Павле требаше да знае дека кој со ѓаволот тикви сади...

По поднесената оставка на пратеникот во јавноста се јавија и првите критики.

„Павле Богоевски си поднесе оставка. Правилно. И таа оставка ќе стапи во сила по гласањето за одземање на мандатот на Груевски. И тоа правилно.

Мило ми е што остана барем малку принципиелност кај Павле. Мораше цела јавност да го притиска за да поднесе оставка, но ајде, сепак поднесе оставка.

Оставка треба да поднесат и Ивана Туфекџиќ и Ирена Стефоска. Ако немате волја или храброст да ја критикувате власта за злоупотребите што ги прави, единствената достојна опција е оставката!

Можно е сето ова со аудио-снимката СДСМ да му го збибери на Павле. Но, она што требаше да го знае, уште кога на протестите се врза со СДСМ, кој со ѓаволот тикви сади...“ - напиша на Фејсбук граѓанскиот активист Здравко Савески.


Слично

Поврзани вести