Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савески одговори дали постапката за „Пулс“ би траела со години

Савески одговори дали постапката за „Пулс“ би траела со години

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да трае со години и дека обвинителите веќе работат по план за нејзино ефикасно водење, пренесува МИА.

Говорејќи за работата на обвинителството, Савески истакна дека одговорноста е во обвинителите кои непосредно постапуваат по предметите и дека покрај секторот за односи со јавност, пред јавноста треба да одговараат токму оние јавни обвинители кои постапуваат по одредени предмети.

„Сметам дека е важно комуникацијата со јавноста да ја водат конкретните јавни обвинители кои постапуваат по предметите. Во минатото, често за сите предмети говореше јавниот обвинител на државата, но сметам дека посоодветно е тоа да го прават оние што директно постапуваат“, рече Савески.

Во однос на постапката со поранешниот вицепремиер Артан Груби, тој вели секој јавен обвинител изготвува истражен план, во кој утврдува кои докази треба да се обезбедат. Савески нагласи дека постапката за него е сè уште во тек, се прибираат докази и истражни дејствија.

Инаку, во пожарот во „Пулс“, лани на 16 март загинаа 63 луѓе, а околу 200 беа повредени. 

Слично

Поврзани вести