Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савески: Наша должност е да застанеме на патот на бескупулозни ликови како Апасиев - стануваат сѐ подрски

Савески: Наша должност е да застанеме на патот на бескупулозни ликови како Апасиев - стануваат сѐ подрски

По бројните „превирања“ и јавни препукувања меѓу членови и сега веќе поранешни членови на „Левица“, денеска со статус за партијата и за нејзиниот лидер се јави економистот Здравко Савески. 

Тој и самиот беше еден од основачите на партијата, а како што и потсетува во својата објава на Фејсбук, се уште води судска битка низ нашите судови и нагласи оти „наша должност е да му застанеме на патот на такви бескупулозни ликови како Апасиев, зашто таквите ликови, соочувајќи се со неказнивост за своите недела, стануваат сѐ подрски понатаму“. 

Но, да почнеме од почетокт. 

- Најновиот расцеп во т.н. Левица е третиот расцеп за осум години постоење на партијата. Првиот беше во 2016, вториот во 2019, а третиот сега. Самиот тој факт што една партија трипати во осум години се соочува со сериозни судири во самото раководство треба нешто да ви индицира.

Втората работа што ќе ви ја посочам е дека Апасиев има клучна улога во сите три расцепи. Ако еднаш дошло до расцеп, може да кажете дека другата страна е таа што не чини, дека е „џган“, а дека вие сте супер. Може и по втор пат тоа да го тврдите. Но, кога и по трет пат истото се случува, прашањето што нужно мора да се постави е: како е можно само Апасиев да е супер, а сите други да не чинат? Не е ли можно расцепите да се должат токму на него, а не на другите? Особено, пак, кога зборуваме за човек кој само што ќе зине, ја соопштува својата нетолерантност и самобендисаност - вели Савески во својата објава. 

Тој исто така појаснува дека спроед него „сериозен показател колку се заглавени работите во едно општество и држава е кога надежите за промена се лоцираат во лик што е толку очигледно неспособен да направи каква било разлика во однос на постојното!“

Се осврна и на процесот на собирање потписи за кандидатката на „Левица“, професорката Билјана Ванковска, при што тврди дека наводно во собирањето на потписите им помогнала СДСМ. 
- Не можам да знам дали е точно дека СДСМ собирал потписи за неа. Но, она што со сигурност го знам е дека Апасиев е доволно беспринципиелен да прифати таков дил со СДСМ и дека СДСМ се исто така доволно беспринципиелни да ги искористат сите средства да ја држат власта, вклучително и собирањето потписи заради поделба на опозицијата. При тоа, ќе ви посочам уште дека будалетинката Заев, во една прилика во Собранието, изнервиран од скокањето на Апасиев, јавно го повика да каже за нивните тајни средби пред изборите 2020. Проверете си околу тоа - истакна Савески

За крај, поранешниот член и основач на „Левица“, истака дека „за пучот што го направи Апасиев во Левица во 2019, сѐ уште се води судски процес. Судството ни е такво какво што сите го знаеме, па процесот се води цели пет години, намерно обесмислувајќи го. Но, сметаме дека е наша должност да му застанеме на патот на такви бескупулозни ликови како Апасиев, зашто таквите ликови, соочувајќи се со неказнивост за своите недела, стануваат сѐ подрски понатаму“
Еве ја неговата објава:


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести