Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савески на суд за процесот демолирање на канцеларијата на Иванов

Савески на суд за процесот демолирање на канцеларијата на Иванов

Членот на Левица Здравко Савески денеска треба да се појави во суд каде ќе продолжи рочиштето во случајот каде тој се товари за учество во толпа што ќе стори кривично дело поради демолирањето на Народната канцеларијата на претседателот во центарот на градот.

Савески има задача секој втор понеделник да се појавува во суд како дел од безбедносните мерки кои се применуваат против него.

Според полицискиот извештај Савески одговара дека за време на протестот кога беше демолирана канцеларијата запалил фотографија од претседателот Ѓорѓе Иванов и фрлал со предмет кон Народната Канцеларија, а Куновски кривичното дело го извршил на тој начин што, преку искршениот прозор исфрлал неколку столчиња надвор од канцеларијата.

Во овој судски процес се гони и Владимир Куновски 

Слично

Поврзани вести