Економија, финансии, бизнис

Контакт

Савески бара повеќе пари за јавното обвинителство: Транспарентност без финансиска поддршка е невозможна

Савески бара повеќе пари за јавното обвинителство: Транспарентност без финансиска поддршка е невозможна

Јавното обвинителство се движи кон поголема транспарентност, но главниот обвинител Ненад Савески предупреди дека без финансиска поддршка од владата, напредокот ќе биде ограничен.

„Нема да има потреба да се чека поставување прашања, туку од самиот почеток, постапката и одлуките на обвинителството ќе им бидат објаснети на граѓаните преку медиумите“, изјави Савески за стратегијата на институцијата за поголема отвореност кон јавноста. Тој додаде дека постои разлика помеѓу она што јавноста сака да го слушне и она што законот дозволува.

„Секако, во обем дозволен со закон или прописи во постапката, обвинителите ќе треба да ја информираат јавноста за прашањата со кои се занимаваат. Не сите ќе уживаат единствено право на слобода на изразување, но тоа ќе биде нивна одговорност“, нагласи Савески.

Главниот обвинител потенцира дека без соодветна финансиска поддршка, резултатите од работата на Јавното обвинителство ќе останат ограничени. „Слабото јавно обвинителство не може да се спротивстави на богатиот криминал без финансиска поддршка. Резултатите не можат да бидат она што граѓаните го очекуваат ако немаме сериозна поддршка за нив“, рече Савески.

Инаку, Обвинителството во соработка со Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ја организираше конференцијата „Од стратегија до пракса: Зајакнување на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“, како дел од иницијативите за зголемување на транспарентноста.


Слично

Поврзани вести