Савески бара оставка од Спасовски и притвор за Мијалков
Активистот Здравко Савески вечерва на протест пред Владата изјави дека излегле да протестираат затоа што се револтирани затоа што Никола Груевски избегал.
„Не се боревме луѓе да седат на фотелји, а криминалците да бегаат. Мора да се понесе одговорност, без разлика дали е во обвинителство, судството, полицијата. Министерот Оливер Спасовски да си поднесе оставка поради морална одговорност, а ако не си поднесе оставка тоа значи дека Владата стои зад него“, рече Савески.
Бара и Сашо Мијалков да биде притворен.
„Вака не се оди во ЕУ. Во Македонија мора да има владеење на правото“, рече Савески.
Актерката Ирена Ристиќ побара оваа власт да го врати Груевски зад решетки.
Слично
