Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сасоли од Собрание: Заедно ја делиме тагата

Сасоли од Собрание: Заедно ја делиме тагата

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, во своето обраќање во Собранието на Република Северна Македонија рече дека недобивањето датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ за Северна Македонија е само застој, а не историска грешка.

„За време на мојата прва посета на земја надвор од ЕУ, јас сум тука да ви кажам дека споделуваме тага со вас затоа што сме убедени дека имаме заедничка иднина. Таа иднина е ЕУ. Имаме некои потешкотии да ги надминеме, но мора да ги погледнеме со оптимизам, што ќе ни овозможи да ја завршиме оваа фаза. Оваа блокада е само мала станица и сè уште има многу внимание за Северна Македонија. Процесот на преговори треба да започне “, рече Сасоли.

Со охрабрувачки зборови првиот човек на парламентот на ЕУ од македонското Собрание. рече дека Македонија го заслужува местото во европското семејство, испраќајки порака за заедничката иднина.

„Не се случило едно „не“. Тоа е еден историски застој, една пауза. За да се навратиме на тој пат, треба да се случи што е можно побрзо давање на датум за преговори. Постои надеж дека овој пат ќе биде продолжен и за тоа имаме потреба од вас, вашиот ентузијазам, вашата желба за слобода и демократија. Без Балканот, тоа нема да биде возможно. Да му објасниме на младите дека нема да го запреме овој процес. Да ги охрабриме и да ги убедиме дека овој пад ќе ја доведе Северна Македонија во процесот на пристапните преговори. Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно“, заврши Сасоли.


Слично

Поврзани вести