Сасоли ги моли нашите млади да не губат надеж за Европа - ние стоиме до вас
Не губете надеж и не се откажувајте од европската иднина на земјата, ова не е крај на дискусијата.
Со овие зборови преку видео обраќање на Твитер претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли ги замоли младите од земјава да продолжат да веруваат во европската перспектива, по недобивањето датум за преговори со Европската унија.
Пред неговата посета на земјава, која ќе се одвива денеска и утре, во видео обраќање на Твитер тој нагласи дека го дели разочарувањето со македонските граѓани, но најави дека дискусијата за почеток на преговорите не е завршена.
Во Скопје, Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.
