Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Василевски го обвини Мицкоски дека се затскрива зад народот

Сашо Василевски го обвини Мицкоски дека се затскрива зад народот

Oткако имаше инцидент со Јанко Бачев од Единствена Македонија, пратеникот Сашо Василевски од Охрид, пред чиј дом Македонија - блокира синоќа протестираше ја префрли одговорноста за настанатата ситуација кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Тој вели дека протестното писмо на демонстрантите се доставува на погрешна адреса и требало да биде доставено во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ЕПП беа повикани две делегации тоа укажува дека раководството кое го предводи ВМРО е буквално изолирано од ЕПП затоа беше повикана втора делегација која е за реформи во партијата и деморкатски начин на размислување. Бидејќи немаше дебата за уставни измени. Не можете да се затскривате како лидер на партија зад народот, зад тие виртуелни еден милиони и двесте илјади луѓе“, рече Василевски. 

Тој смета дека како народ сме пред голем предизвик.

Jaнко Бачев го нарече Василевски шпион и копиле. 

фото МИА

Слично

Поврзани вести