Сашо Тасевски: Законот за јазиците само ќе не разедини уште повеќе
Актерот и директор на Драмски театар Сашо Тасевски е уште еден од многумината кои се против новиот Закон за употреба на јазиците кој вчера беше донесен. Според Тасевски, овој закон дополнителни ќе внесе поделби во македонското општество и дека некаков вид на кантонизација воопшто не е добар.
„Мислам дека законот за албанскиот јазик само ќе не разедини уште повеќе. Дури и денес во Швајцарија, во италјанскиот кантон те гледаат како теле ако им прозбориш на француски. Во германскиот исто. Тоа е вистината, кој бил таму. Зборував за тоа со колешка Албанка која често оди таму. Етнофашизмот им е на висок степен, ама за тоа се молчи. Кантоните се како етнички гета. Затворени во себе. Ксенофобични. Етноегоистични. Затоа не лажете за предностите за повеќејазичноста во Швајцарија. Исто ќе биде и овде со една квака. Ние не сме Швајцарија и не сме финансиски рај, башка безбедносниот систем ни е ѓоа решето. Разединети и по внатреетничка основа. Ужас кој се повеќе ќе расте. Не сум националист, уште помалку шовинист, ама ова не само што не е добро... Опасно е. Многу опасно ако помине. Нема прогрес за една држава ако еден народ во неа е несреќен или се чувствува уценет и победен од друг, со кој дели иста територија и држава. Ете толку“, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил.
