Сашо Тасевски ќе го поправа покривот од 28 мај
На 28 мај ќе започне целосната реконструкција на покривот на Драмскиот театар, којшто и вчера повторно имаше проблеми со дождот што заврна и внатре по што беа евакуирани гледачите и беше прекината претставата, потврди директорот на театарот, Сашо Тасевски за „Нетпрес“
- Ова е проблем којшто се провлекува со години и замислете во 21 век имаме и спремен план за евакуација при вакви ситуации, значи веднаш прекинува претставата, гледачите се изнесуваат надвор и се гасне струјата за да не дојде до електричен удар. Од овие причини во осигурувањето кое се плаќа од сметката на театарот, одлучив и гледачите да бидат осигурени затоа што навистина условите со покривот се катастрофални , Еве сега конечно следната недела на 28 мај ќе започнат градежните работи бидејќи најавите на метеоролозите се дека времето ќе биде стабилно и суво, што беше неопходен услов за отпочнување со работа и би требало да се заврши за еден месец, вели Тасевски.
Според него со години не е превземено ништо околу покривот бидејќи се планирала нова зграда, а потоа планот беше ревидиран и од сегашното Министерство за култура до конечното реализирање на новиот проект одобрен е буџет за санација на покривот. Ова одобрение е од пред неколку месеци, но временската нестабилност била проблем за отпочнување на градежните работи.
