Сашо Тасевски: 10.000 помалку обиди за илегално преминување на границите
Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во своето обраќање потенцираше дека паралелно со предизвиците со кои се соочуваат мигрантите, како од безбедносен, така и од хуманитарен аспект, предизвици имаат и државите низ кои тие минуваат и во таа насока активностите на полицијата се насочени и во делот на превенција и рано предупредување, но и во давање на првичниот одговор во делот на справување со проблемот со мигрантите.
„Годинава, спречени се 15.895 обиди за илегално преминување на границите односно регистрирани се речиси 10 илјади обиди помалку во споредба со истиот период минатата година, и тоа најмногу на јужната граница. Како логична последица на тоа е и трендот на намалување за повеќе од 60% на откриените случаи на криумчарење мигранти, а бројот на поднесени нови барања за азил е намален за 70%.
Успешната борба против илегалната миграција и криумчарењето мигранти најдобро е рефлектирана во заедништвото и партнерството кое на дневна основа го применуваат нашите полициски службеници со нивните колеги од земјите од регионот и ЕУ.“, истакна директорот Тасевски на конференција за мигрантската криза и земјите од Балканско-Јадранскиот регион
