Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Стефановски не е меѓу уапсените за Крвавиот четврток

Сашо Стефановски не е меѓу уапсените за Крвавиот четврток

Грешна е информацијата дека утрово меѓу уапсените лица осомничени од Јавното обвинителство на Република Македонија за настаните на Крвавиот четврток е и поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски.

Тој преку медиумите соопшти дека не е уапсен утрово од полицијата и не знае како неговото име се нашло меѓу приведените. 

Најверојатно станува збор за помешување на името и презимето на екс директорот со некој од лицата кои денес беа приведени од полицијата по налог на ЈОРМ кои се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според Кривичниот закон.

Слично

Поврзани вести