Сашо Орданоски: Не за џабе правеа подземни излези под „Белиот дворец“
Аналитичарот и новинар Сашо Орданоски во својата денешна колумна за „Цивилмедиа“ пишува дека недостапниот за органите на правдата - поранешниот премиер Никола Груевскли можеби избегал низ подземниот тунел кој го правеше ВМРО-ДПМНЕ под партиското седиште, додека „алфите“ го бараа околу палатата „Христо Татарчев“ за да го спороведат на издржување од двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.
„Во целата таа приказна најмал проблем е што самото седиште на партијата, грдиот „бел дворец“, оправдано се смета за една од примарните локации каде што би можел да се крие бегалецот Груевски. Таму, белки не случајно, се правеа подземни и тајни влезови и излези за итни евакуации на врвниот персонал на партијата, веројатно имајќи ги предвид и овој вид на ситуации.
Впрочем, не верувам дека постои снимка на која се гледа како Груевски макар еднаш има влезено во таа зграда на накитениот главен влез од плоштадот со фонтана – напротив, секогаш од подземјето, како самиот да си ја претскажуваше сопствената политичко-правна судбина“, вели Орданоски.
Во продолжение, овдека може да ја прочитате целата негова колумна.