Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Мијалков: За девет години само неколку пати сум вклучил компјутер

Сашо Мијалков: За девет години само неколку пати сум вклучил компјутер

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, на денешното рочиште за масовното прислушкување, за наводите дека со лозинка влегувал во системот и сам слушал од неговиот кабинет, рече дека многу ретко го вклучувал компјутерот.

- И ова не е точно. Познавајќи се себе и мојот карактер, не сум имал таква потреба. Не сум човек кој користи компјутер на дневна основа, туку мобилен телефон. За 9 години колку што бев директор, само неколку пати сум го вклучил компјутерот, да видам што има на интернет, а не да прислушувам. Не ни постои таков доказ”,, рече Мијалков, негирајќу ги точка по точка обвиненијата.

Тој на денешното рочиште наведе дека многу било лесно да се прислушува надвор од системите на УБК и дека тука немал одговорност.

-Такво нешто ми беше презентирано од израелска компанија за високософистицирана опрема, дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори. Опремата беше составена од 3 лаптопа и една мала антена од неколку сантиметри. Таа опрема ја нарекуваат ДПЛ, за детектирање, превенирање и лоцирање. На еден од лаптопите пред сите излезе телефонска комуникација од повеќе разговори, преку нашите мобилни оператори. На презентацијата беше и Ѕвонко Костовски. Таа опрема може да лоцира и други системи кои во моментот прислушуваат. На презентацијата опремата потврди дека во истиот тој момент работат други три системи за кои тие мислеа дека е тактичката опрема на МВР. За жал тоа не беа системи на УБК, рече Мијалков.



Слично

Поврзани вести