Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Мијалков: Се зацврстив во верата откако го подигнав храмот „Свети Димитриј“

Сашо Мијалков: Се зацврстив во верата откако го подигнав храмот „Свети Димитриј“

Поранешниот директор на УБК, Сшао Мијалков, денеска се оглаис по повод осветувањето на црквата „Свети Димитриј“ во Ново Село. Екс-началникот на тајната полиција го честиташе верскиот празник и порача дека се зацврстил во верата откако го подигнал храмот.

Мијалков изминатиот викенд присуствуваше на осветувањето на новата црква „Св. Димитриј“, која што се наоѓа веднаш до новата зграда на Музејот на револуционерната борба во Штипско Ново село.

Ова е прво појавување во јавност на ексдиректорот на УБК, откако во мај излезе предвреме од затворот во Струга, каде што ја отслужуваше казната за случајот „Империја“. Тој беше обвинет и во неколку други случаи на поранешното СЈО, но дел му застареа, а беше и ослободен во случаите „Тортура“ и „Трезор“.

На осветувањето што беше извршено од страна на Поглаварот на МПЦ, Г.Г. Стефан, тој присуствуваше заедно со брат му Влатко, поранешен директор на Царинската управа. Браќата Мијалкови се ктитори на црквата.

„Човек без вера, не е човек, а безбожно општество во кое луѓето ги негираат своите религиозни потреби е осудено на пад и пропаст.

Храмот божји е свето место. Во него има место за сите кои го бараат својот мир и соединувањето со бога.

Овој ден за мене и моето семејство е исклучителен и заради тоа е подигнат храмот посветен токму на Светиот великомаченик Димитриј.

Подигнувањето и осветувањето на храмот, за мене беше зацврстување на верата и влог во човековата надеж и иднината“, порача меѓудругото Мијалков.

Слично

Поврзани вести