Сашо Мијалков остана без полициско обезбедување
Поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков остана без полициско обезбедување. Оваа одлука неофицијално била донесена пред 2 август.
По напуштањето на функцијата во мај 2015-та, Мијалков доби службено полициско обезбедување, а тоа не беше укинато ниту по промената на власта. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврдеше дека обезбедувањето му е определено поради безбедносни проценки за можен ризик.
Слично
