Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сашо Мијалков оди во куќен притвор

Сашо Мијалков оди во куќен притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од затворот во Шуто Оризари и оди во куќен притвор, откако Апелациониот суд Скопје му ја уважи жалбата по предметот „Титаник 2“.

Во меѓувреме, Врховниот суд не му ја разгледал жалбата за укинување на мерката куќен притвор во истрагата за предметот „Империја“.

Мијалков, за случајот Титаник 2 беше осуден на 3 години затвор, бидејќи побарал и издејствувал поништување на регуларни резултати на три гласачки места за време на изборите во 2013 година. Судот го прогласи виновен за примање награда за противзаконито влијание.

Слично

Поврзани вести