Сашо Мијалков и натаму под мерки на претпазливост
Одбраната на Сашо Мијалков не успеа да го убеди Кривичниот суд да се приначи одлуката за мерка на претпазливост и тој не може да го добие назад пасошот за да ја премине државната граница ниту пак има право да добие нова патна исправа.
Екс директорот на УБК е еден од главните осомничени на СЈО во предметот „Тврдина“ и продолжуваат мерките на претпазливост меѓу кои и потребата редовно да се јавува во судот. Така аргументите дека претходно Зоран Заев во случен предмет си го добил назад пасошот за да може да патува како политичар паднаа во вода.
Против ова решение, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.
Слично
